Откако бил донесен ковчегот, одржана е миса предводена од кардиналот Кевин Фарел.
Базиликата ќе биде отворена од 11 часот по локално време, а илјадници верници се собрале уште од раните утрински часови за да му оддадат последна почит на покојниот поглавар на Римокатоличката црква.
Се очекува во следните денови десетици илјади луѓе од Италија и целиот свет да дојдат во Ватикан за да се простат од папата.
Свечената поворка со ковчегот на починатиот папа тргнала утринава од резиденцијата Каса Санта Марта во чија капела бил одржан краток верски обред. Потоа, ковчегот придружуван од Швајцарската гарда бил пренесен кон базиликата, со звуци на камбани кои се огласиле во негова чест.
Папата Франциско, кој е роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, во Аргентина, беше првиот јужноамерикански папа.
Тој почина на 21 април во 89 година, а беше соопштено дека папата починал од мозочен удар и срцева инсуфициенција.
Тој ќе биде погребан во сабота, на 26 април.