Инцидентот се случил во центарот на Косовска Митровица, кога матурантите, во придружба на професори и на трубачи, традиционално парадирале низ градот. Следеле реакции од блиското кафуле, кога еден од гостите го покажал симболот орел на „голема Албанија“, а матурантите одговориле со покажување среден прст.
Потоа косовскиот полицаец истрчал кон матурантите и го извлекол младиот човек од групата, кого подоцна го малтретирал пред другите граѓани, но и не неговиот колега, кој се обидувал да ја смири ситуацијата – и колегата и вознемирените граѓани се од српска националност.
На снимката објавена на социјалните мрежи може да се види како млад косовски полицаец го стиска вратот на матурантот, притискајќи му го грлото со прстот, а на вратот на младиот човек се видливи траги од крв, јавуваат српските медиуми.
Maturantima u Kosovskoj Mitrovici brane da nose zastavu svoje države u svojoj zemlji! Ne daju im da slave maturu i pevaju! Hvataju ih za vrat!! Proviciraju!!!
Koji je rezultat @avucic @anabrnabic @PetkovicPetar ?!!!!!!! pic.twitter.com/sPmA3YKohD— Vladimir Štimac (@stimac15) May 23, 2025
Најупорен во помагањето на матурантот бил еден професор, на чија маица пишувало IV3, исто како и на младиот човек, па се претпоставува дека тој бил класен раководител. Тој не го пуштил матурантот сè додека, со помош на други граѓани, успеал да го одвои од полицаецот и да го тргне на страна.
Косовска полиција: Имаше провокации
Косовската полиција денес објави дека неколку матуранти го прославиле крајот на учебната година со знамиња и песни на плоштадот Цар Лазар во северниот дел на Митровица и дека „имало провокации на кои полицијата одговорила“.
Заменик командантот на полицијата за Северниот регион, Ветон Ељшани, за приштинските медиуми изјави дека „ситуацијата е ставена под контрола“ и дека матурантите ја продолжиле прославата без понатамошни инциденти и без потреба од дополнителна интервенција.
ЕУЛЕКС: Убедени сме дека одговорните за неприфатливиот чин ќе одговараат согласно со законот
Шефот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, Џовани Пјетро Барбано, денес изјави дека е длабоко шокиран и ја осудува прекумерната употреба на сила од страна на косовската полиција против средношколец во Северна Митровица, јавува агенцијата Бета.
„Ја пренесов мојата загриженост до властите во косовската полиција и сум убеден дека одговорните за тој неприфатлив чин ќе бидат повикани на одговорност во согласност со законот“, порача Барбано во објава на социјалната мрежа Икс.
Канцеларија за Косово и Метохија: Што ќе се беше ако сè не се случеше среде бел ден
Канцеларијата за Косово и Метохија на владата на Србија наведува дека за време на вчерашниот инцидент, неколку косовски полицајци опколиле, турнале и провоцирале еден млад српски маж, матурант во средно училиште, фаќајќи го за вратот и обраќајќи му се на албански јазик.
„Прашањето е што ќе се случеше со српскиот матурант ако сè не се случеше сред бел ден и пред многубројни сведоци, негови сограѓани и професори, бидејќи е многу добро познато дека косовската полиција кога станува збор за српски деца ја пречекорува својата должност, користи прекумерна сила, тепа, приведува без причина или прашања“, наведува Канцеларијата.