Зборувајќи за војната на таканаречената Ослободителната војска на Косово (ОВК), Османи нагласи дека таа била праведна и дека секој обид за нејзино оцрнување им штети на темелите на долгорочниот мир.
Таа изјави дека „ослободителната војна“ била крвава заклетва на луѓето кои сакале слободно да живеат во својата земја.
„Во темелите на нашата земја лежи визијата на историскиот претседател Ибрахим Ругова, архитектот на нашата независност. Визијата ја водеше народот. Историјата беше обликувана во периодот на војната за слобода. Таа го носи името на командантот Адем Јашари. ОВК е најголемиот идеал што Албанците го граделе со векови. Оваа војна беше праведна и секогаш чиста. Секој обид да се оцрни е неправеден, историски неточен и неприфатлив. Водачите на ОВК кои денес се во Хаг, заедно со илјадници борци и нашиот народ, се заложија за слобода и достоинство“, кажа таа.
Додаде дека Косово станало држава за да ја заштити вистината и никогаш да не дозволи историјата да се препишува.
На свечената седница зборуваа и претседателот на Албанија Бајрам Бегај, претседателката на косовскиот парламент Аљбуљена Хаџиу, премиерот Аљбин Курти и претставници на политичките партии претставени во собранието на Косово.
На седницата не беа присутни пратеници од Српската листа.
Манифестациите по повод 18 години од едностраното прогласување независност на Косово почнаа денес со кревање на косовското знаме на јарболот пред зградата на владата и продолжија со положување цвеќе на споменикот на исчезнатите лица, спомен-плочата на убиените деца и положување цвеќе на гробот на поранешниот претседател Ибрахим Ругова, на гробот на активистот Адем Демаќи и во спомен-комплексот „Адем Јашари“ во Преказ.
По свечената седница треба да се одржи парада на припадници на Безбедносните сили и на косовската полиција.
Церемониите завршуваат со прием на дипломатскиот хор, организиран од највисоките функционери на Косово, како и концерт на косовската филхармонија.






