вторник, 23 септември 2025

Косовската претседателка: Имам информации дека Трамп спречил ескалација од Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека има „сигурни информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп спречил можна ескалација на ситуацијата од Србија кон Косово оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Османи истакна дека тоа се случило „неодамна“, односно оваа година, но не даде дополнителни детали. „Не зборуваме за 2023 година“, кажа таа, алудирајќи на времето кога се случи вооружениот напад во Бањска кај Звечани.

„Бидејќи тоа веќе се случи, превенцијата е клучна. Не можеме да ја исклучиме можноста, бидејќи веќе се случило“, кажа Османи за време на предавањето во Вашингтон.

Американскиот претседател постојано ја истакнува својата улога како медијатор во односите меѓу Косово и Србија како пример за американската улога во спречувањето на конфликти.

За време на првиот мандат на Трамп, во септември 2020 година, Косово и Србија го потпишаа Вашингтонскиот договор за економска нормализација, во Белата куќа, во негово присуство. Тој договор, кој вклучуваше признавање на независноста на Косово од страна на Израел, до денес не е целосно спроведен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ