Собранието на Србија вчера ги усвои измените на повеќе судски закони предложени од пратеникот на Српската напредна партија, Угљеша Мрдиќ.
Кос во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека, во време на значителен напредок во проширувањето, кога Црна Гора и Албанија брзо напредуваат, Србија ризикува да тргне во спротивната насока.
„Тоа не е она што го сакаме“, изјави Кос.
И претставници на опозициските партии ги критикуваа амандманите на Мрдиќ, наведувајќи дека суштината на измените е власта да оствари поголема контрола врз судството и да ја намали објективноста во функционирањето на јавните обвинителства.
Пратениците на власта ги бранеа измените и дополнувањата на судските закони, тврдејќи дека тие ќе придонесат за поголема ефикасност и правичност во работата на судските инстанци.
Усвоени се измените и дополнувањата на законите за седиштата и подрачјата на судовите и јавните обвинителства, за Високиот совет на обвинителството, како и за организацијата и надлежностите на државните органи за борба против високотехнолошки криминал.
Собранието на Србија ги усвои и измените и дополнувањата на законите за јавното обвинителство и за судиите.






