недела, 7 декември 2025

Кос одговори на навредите од Вучиќ: Кога пратеници од ЕП се нарекуваат олош, тоа открива спорно разбирање на демократијата (ВИДЕО)

Европската комесарка Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа кажа дека ваквите напади откриваат „сомнително разбирање на демократијата“ и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен углед.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме проблем во Белград“, кажа Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл Рајзингер во Виена.

„Кога членовите на Европскиот парламент се нарекуваат олош, тоа открива сомнително разбирање на демократијата. Изјавите на претседателот Вучиќ и претседателката на Собранието Брнабиќ против Европската Унија, исто така, нема да го подобрат угледот на Србија во Европа.“

Комесарката ги потсети властите во Белград на обврските што ги презедоа пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и пред неа лично.

„Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Ова значи независно судство способно да се бори против корупцијата, слободни и независни медиуми и изборен закон што гарантира дека само волјата на граѓаните одлучува за мнозинството во парламентот“, кажа Кос.

Таа додаде дека граѓаните имаат право на протест, но дека насилството на улиците и актите на вандализам мора да престанат, со очекување дека полицијата ќе дејствува соодветно и со целосно почитување на основните права.

Вучиќ ги нарече членовите на Европскиот парламент кои присуствуваа на протестот во Нови Сад „олош“, тврдејќи дека тие се „најлошиот олош кој се собрал таму“.

Тој ги обвини за „брутално мешање во внатрешните работи на Србија“ и се закани дека сите оние кои, како што рече, „се обидуваат да ја уништат Србија однадвор“, ќе бидат гонети во согласност со законите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ