среда, 11 март 2026

Комесар на ОН го осуди гаѓањето на цивилната инфраструктура на Блискиот Исток: Цел свет ве гледа

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Турк ги осуди нападите врз цивилната инфраструктура на Блискиот Исток, порачувајќи дека таа мора да биде заштитена во војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нападите врз виталната цивилна инфраструктура на Блискиот Исток, како и нивното сè поголемо географско ширење, дополнително ги зголемуваат ризиците за населението во целиот регион и пошироко“, кажа Турк, потсетувајќи дека според законите на војната, цивилите и цивилната инфраструктура мора да бидат заштитени по секоја цена.

Сите страни се должни да ги почитуваат овие правила и мора да одговараат за секое прекршување.

„Целиот свет ве гледа“, додаде Турк.

„Предвидливите влијанија на тие напади врз цивилите и животната средина отвораат сериозни прашања за нивното почитување на принципите на пропорционалност и претпазливост според меѓународното хуманитарно право“, кажа високиот комесар на ОН, додавајќи дека тоа бара темелна правна ревизија.

Според него, последиците од војната и кризата веќе се чувствуваат во регионот и пошироко, особено за населението и неговата егзистенција.

Турк ја спомна и тешката состојба на странските работници во земјите од Заливот, од кои неколку веќе се убиени или повредени, додека на други им е спречено да се вратат дома.

Високиот комесар на ОН ги спомна и последиците од колапсот на комерцијалниот поморски сообраќај во Ормускиот теснец врз пристапот до енергенсите, храната и ѓубривата за населението во регионот и пошироко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ