недела, 7 декември 2025

Коментатор на Си-ен-ен се извини за изјава за бебињата во Газа

Политичкиот коментатор на Си-ен-ен Ван Џонс се извини на Икс за изјавата што ја даде во петокот за време на неговото гостување во емисијата „Реално време со Бил Махер“.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Во емисијата, Џонс коментираше за честотата на морничавите слики на социјалните медиуми што доаѓаат од Газа.

„Иран и Катар излегоа со масовна кампања за дезинформација што ја спроведуваат преку Тикток и Инстаграм. Ако сте млада личност, отворете го телефонот и сè што ќе видите е – мртво бебе Газа, мртво бебе Газа, мртво бебе Газа, Диди, мртво бебе Газа, мртво бебе Газа“, рече тој.

Откако се најде на удар од оние што ја оценија неговата изјава како многу навредлива, Џонс вчера се извини.

„Дадов коментар на ‘Реално време со Бил Махер’ за војната во Газа што беше бесчувствителен. Се извинувам. Страдањето на луѓето од Газа, особено на децата, не е шега. Длабоко ми е жал што звучеше така. Она што им се случува на децата од Газа е срцепарателно. Како татко, не можам ни да ја замислам болката низ која минуваат нивните родители, немоќни да ги заштитат своите деца од незамислива штета.

Се молам и работам за итен крај на оваа војна и за мир и безбедност за секое семејство што ќе се најде на нејзиниот пат. Навистина ми е жал за болката што моите зборови им ја предизвикаа на луѓето што веќе страдаат повеќе отколку што би требало“, напиша Џонс на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ