сабота, 12 јули 2025

Колеж во Сирија, терорист на ИСИС нападна православна црква (ВИДЕО)

Силна експлозија ја потресе денес црквата Свети Илија во Дамаск. Повеќе од 20 лица загинаа, а 53 се повредени, објавија локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според прелиминарните извештаи од местото на настанот, бомбаш самоубиец влегол во грчката православна црква за време на службата и отворил оган врз верниците пред да ја активира својата експлозивна направа.

Снимки од крвавите траги на бомбашот самоубиец и уништената православна црква се објавени на социјалните мрежи.

Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот.

Црквата се наоѓа во работничката населба Дувеил и е изградена од работнички семејства од јужна Сирија.

Христијаните, Алавитите, Друзите и другите малцински заедници во Сирија пријавија серија напади од декември минатата година, кога исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, огранок на Ал каеда, ја презеде власта по уривањето на претседателот Башар ал-Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ