сабота, 13 декември 2025

Кога татко ти е земјоделец: Орбановиот луксузен имот со зебри и антилопи предизвика бура во Унгарија (ВИДЕО)

Семејниот имот на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Хатванпусти, поранешен имот на Хабсбурговците, предизвика нова контроверзност во Унгарија. Додека снимките од дрон покажуваат големи и луксузни згради, палми, капела и фонтана, како и егзотични животни во близина, вклучувајќи зебри и антилопи – Орбан инсистира дека тоа е само земјоделски имот на неговиот татко, со кој тој нема ништо.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Јавноста почна да поставува прашања во почетокот на август, откако опозицискиот пратеник Акош Хаџи објави слики од недовршениот имот на Орбан, оспорувајќи ги тврдењата на владата дека станува збор само за земјоделски имот во сопственост на таткото на премиерот, објави унгарски Телекс.

Хаџи ги објави официјалните барања за енергетски сертификати, кои се потребни и за станбената зграда, а кои може да се видат во јавно достапна база на податоци. Сертификатот за една од овие згради – поголемото крило во облик на буквата L на запад – наведува дека намената на зградата е да биде „станбена зграда“. Помалата, источна зграда е опишана како „уште една, некласифицирана зграда“, а според Хаџи, во неа се наоѓа и „луксузна библиотека“.

Третиот сертификат се однесува на друга зграда во облик на буквата L на исток, класифицирана како „индустриска зграда, магацин“: според сознанијата на Хаџи, објави Телекс – таа содржи огромна кујна, ресторан и дневни простории.

Понатаму, три од сертификатите се однесуваат на новоизградени згради.

Ова, пишува Телекс, ги оспорува тврдењата на шефот на кабинетот на Орбан, Гергел Гуљаш, дека „тешко е да се покаже подобар пример за заштита на спомениците од она што се случи во Хатванпусти“, бидејќи пред сегашните згради имало само урнатини, пишува Телекс.

Според Хадази, сертификатите исто така докажуваат дека шталите под заштита на Институтот за заштита на спомениците биле срушени со булдожер, а на нивно место биле изградени сегашните згради.

Во првиот викенд од август, Акош Хадази повел „екскурзија“ до имотот во Хатванпусти.

Полицијата и персоналот во резиденцијата направиле сè што можеле за да ги спречат љубопитните набљудувачи да видат што се случува внатре, па учесниците ѕиркале од скали.

Но за полесно да се открие дали некој се занимава со земјоделство или ужива во луксуз внатре, еден од читателите на Телекс направил снимка со дрон. Хадази објавил нови докази следната недела, кои откриле дека една од зградите дефинитивно е станбена зграда.

Како одговор на прашањата од новинар на Телекс, Виктор Орбан предложил секој што сака да знае каква активност се одвива во Хатванпусти да го контактира сопственикот на имотот, Ѓезо Орбан. Таткото на премиерот ретко се појавува во јавноста, но еден медиум го контактирал во врска со овој предлог.

Ѓезо Орбан одговорил: „Се гледаме подоцна“.

Какво земјоделство може да биде ова, дури и полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на шега праша – кога на имот покрај згради поврзани со Орбан се забележуваат зебри, бизони и антилопи, пишува Телекс, чиј фотограф и ги фотографирал овие животни.

Сикорски потоа праша дали „зебрите се традиционални домашни животни“ во Унгарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ