Додека коалициските преговори на ЦДУ/ЦСУ се во тек, сè повеќе ја губат довербата на гласачкото тело, додека истовремено популарноста на АфД постојано расте. Во моментов ЦДУ/ЦСУ и АфД ги дели само еден процент.
Според новото истражување на РТЛ, ЦДУ/ЦСУ може да смета на 25 отсто гласови, што е за еден отсто помалку од пред една недела.
На изборите на крајот на февруари конзервативната ЦДУ/ЦСУ освои 28,5 отсто од гласовите. На второ место е АфД со 24 отсто и со раст од еден процент, која на изборите освои 20,8 отсто од гласовите. Потоа следи Социјалдемократската партија (СПД), со која ЦДУ преговара за формирање влада, која во моментов би освоила 15 отсто од гласовите. Четврта сила во земјата се Зелените со 12 отсто, па левица со 10 отсто.
Притисокот на Мерц во ЦДУ поради падот на популарноста е сè поголем. Истражувањето покажува и дека еколошката ситуација е тема која ги интересира 49 отсто од Германците, па следи војната во Украина со 46 отсто, и темите околу НАТО и Соединетите Американски Држави, односно одбранбената политика на Европската Унија со 40 отсто.
И анкета на Институтот за нови општествени договори (ИНСА) покажала дека расте поддршката за АфД.