понеделник, 15 декември 2025

Кипар: Две лица загинаа, стотици евакуирани во пожар (ВИДЕО)

Две лица загинаа во шумски пожар што беснее во јужен Кипар, стотици се евакуирани бидејќи пожарот уништува домови и им се заканува на населените места поради интензивен топлотен бран.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 100 километри се изгорени во винарскиот регион северно од градот Лимасол откако пожарот избувна околу пладне во средата. Неколку пожари беа сè уште активни во четврток наутро.

Две лица се пронајдени мртви во опожарено возило опкружено со пламен. Најмалку 10 лица беа повредени, од кои две потешко, соопшти полицијата.

Рано во четврток, пожарот сè уште се закануваше на Лимасол, распространет крајбрежен град чиј развој во последните години се прошири на околните планини. Воздухопловните противпожарни сили беа повторно распоредени во зори, по паузата во текот на ноќта.

Властите велат дека е прерано да се даде точна проценка на штетата или да се шпекулира за причината за пожарот.

„Се работи за многу силни ветрови со налети кои постојано се менуваат“, изјави портпаролот на противпожарната бригада Андреас Кетис.

Температурите на островот во средата достигнаа 43 степени Целзиусови, поради што беше објавено жолто предупредување за времето. Новото жолто предупредување е на сила во четврток, а температурите би можеле да достигнат до 44 степени, највисоки оваа година.

Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, а се очекува Шпанија да испрати два авиона во четврток, изјави портпаролот на владата Константинос Летимбиотис. Јордан, исто така, вети помош.

Кипар се бори со долготрајна суша, што доведе до критично ниски нивоа на оскудни водни ресурси. Погодената област се наоѓа северно од кипарскиот резервоар Куриса, најголемиот на островот. Во средата беше на само 15,5 отсто од својот капацитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ