недела, 7 декември 2025

Кинеските власти евакуираа 150.000 луѓе во покраината Гуангдонг поради тајфунот Матмо (ВИДЕО)

Тајфунот Матмо се засили пред неговото пристигнување во континентална Кина денес, принудувајќи ја владата во Пекинг да евакуира 150.000 луѓе од јужната покраина Гуангдонг.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Денеска невремето беше придружено со постојани максимални ветрови од 151 километар на час, соопшти Националниот метеоролошки центар на Кина, пренесува Ксинхуа.

Се очекува ураганот да стигне до копното околу пладне, а метеоролошката администрација издаде црвено предупредување за тајфун, највисокото ниво на предупредување во Кина.

Провинцијата Хаинан, која исто така се наоѓа на патот на бурата, ги откажа комерцијалните летови и го суспендираше јавниот превоз во саботата.

Властите во Макао, кој не е на директен пат на невремето, соопштија дека наставата и другите активности нема да се одржуваат поради временските услови.

Властите исто така предупредуваат на обилни врнежи од дожд во некои области, бурата ќе продолжи да се движи западно и северно, кон северен Виетнам и кинеската провинција Јунан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ