„Кина е подготвена да соработува со Русија за зајакнување на стратегиската координација, збогатување на содржината на соработката и подобрување на механизмите за размена“, му кажа Донг на Белоусов, според извештајот на кинеската државна телевизија ЦЦТВ.
Донг додаде дека двете земји треба „заеднички да ја подобрат способноста за одговор на различни ризици и предизвици и да внесат позитивна енергија во глобалната безбедност и стабилност со заеднички сили“. Во извештајот на ЦЦТВ не се спомнува конфликтот во Украина.
Кина и Русија се блиски сојузници. Иако Пекинг тврди дека зазема неутрален став во врска со војната во Украина, никогаш не ја осуди руската инвазија. Западните влади ја обвинуваат Кина дека обезбедува клучна економска поддршка на воените напори на Русија, особено со снабдување на одбранбената индустрија со воени компоненти.
Во меѓувреме, руските и украинските преговарачи одржаа дводневен состанок во Абу Даби во петокот и саботата. На состанокот се разговараше за мировниот план кој го заговара американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп ја истакна наводната заканата од кинеско и руско влијание на Арктикот како една од причините за неговата желба да го преземе Гренланд.






