сабота, 12 април 2025

Кина за тарифите на Трамп: „Злоупотреба“

Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, рече портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги тарифите што ѝ ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп како злоупотреба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тарифите се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовната прес-конференција. Тој додаде дека американските тарифи во име на реципроцитет всушност им служат на САД само на сметка на другите земји.

Минатата недела Трамп воведе 34 отсто нови царини на кинескиот увоз, како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.

Лин го пренасочи прашањето за потенцијалните преговори со САД на други кинески владини тела.

„Американската злоупотреба на царинити ги лишува земјите, особено оние на глобалниот југ, од нивното право на развој“, рече Лин, наведувајќи ја зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и особено влијанието на царините врз посиромашните земји.

Сите земји треба да се држат до консултации, заедничко одлучување и „вистински мултилатерализам“, рече портпаролот.

Тој ги повика земјите заеднички да се спротивстават на сите форми на унилатерализам и протекционизам и да го заштитат меѓународниот систем и мултилатералната трговија засновани на вредностите на Обединетите нации и Светската здравствена организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ