недела, 14 декември 2025

Кина воведува реципрочни мерки на ЕУ за набавка на медицинска опрема

Кина денес објави дека ги исклучува компаниите од Европската Унија од големите јавни набавки на медицински материјали, како одмазда за слични ограничувања што ги наметна ЕУ врз кинеските компании.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мерката се однесува на низа различни производи, од помагала и делови за протези, до медицински машини и хируршки инструменти. За медицинска опрема чиј буџет за набавка надминува 45 милиони јуани (5,3 милиони евра) е исклучено учеството на компаниите од Европската Унија, освен оние со европски капитал во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.

Исто така, се додава дека во понудите на неевропски компании, уделот на производи увезени од ЕУ не може да надмине 50 проценти од вкупната вредност на договорот. Овие мерки стапуваат на сила денес, соопшти кинеското Министерство за финансии.

Овие мерки следат по слични мерки објавени од Европската Унија на 20 јуни против кинеските компании. Европската комисија тогаш објави дека одлуката е донесена како мерка на одмазда поради ограничувањата што ги засегаат европските компании на кинеските пазари.

Во посебна изјава, кинеското Министерство за трговија ја објасни денеска мотивацијата на Пекинг. „Кина постојано ја изразуваше преку билатерален дијалог својата подготвеност соодветно да ги решава споровите преку консултации, дијалог и билатерални договори во областа на јавните набавки“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „и покрај добрата волја и искреноста“ од страна на Кина, европската страна останала упорна на тој пат и презела рестриктивни мерки и изградила нови протекционистички бариери, принудувајќи ја Кина да преземе реципрочни рестриктивни мерки.

Во последните три години, се појавија повеќе конфликти меѓу Брисел и Пекинг за различни економски сектори – електрични автомобили, железничката индустрија, соларни панели и енергијата на ветерот.

Во април 2024 година, Европската комисија отвори истрага за кинеските јавни набавки во медицинскиот сектор.

Европската Унија смета дека нејзините јавни понуди се отворени за 95 отсто од конкуренцијата од остатокот од светот, додека европските компании практично немаат пристап до кинеските јавни пазари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ