недела, 4 мај 2025

Кина воведува дополнителни 84 отсто царина за американските стоки

Потегот следува откако претседателот Доналд Трамп воведе вкупна царина од 104 отсто за кинескиот увоз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кина најави дека утре ќе воведе дополнителни царини за американските стоки. Пекинг сега ќе воведе увозен данок од 84% на САД – 50% зголемување во однос на претходните давачки.

Ова доаѓа откако САД воведоа дополнителни 50% царини за Кина оваа недела, што следуваше по двете претходни давачки од 34% и 20%, што значи дека американските царини за Кина од утринава се 104%.

„Американската практика на ескалација на царините за Кина е грешка до грешка, која сериозно ги нарушува легитимните права и интереси на Кина и сериозно му штети на мултилатералниот трговски систем заснован на правила“, се вели во соопштението.

Претходно, Кина ѝ соопшти на Светската трговска организација дека одлуката на САД да воведат царини за нив се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.

„Ситуацијата опасно ескалира. Како една од засегнатите членки, Кина изразува сериозна загриженост и цврсто се спротивставува на овој непромислен потег“, се вели во соопштението на Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ