Изјавата доаѓа на 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ, во момент кога двете страни се обидуваат да ги поправат односите нарушени од глобалната несигурност и големите царини кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.
Си не ги спомна директно Соединетите Американски Држави, но Пекинг во последно време интензивно се обидува да ги продлабочи политичките и економски врски со Европската Унија за да ги ублажи последиците на американските царини кои го погодуваат кинескиот извоз.
„Здрави и стабилни односи на Кина и ЕУ не само што придонесуваат на заедничкиот напредок, туку и му носат светлина на остатокот на светот“, кажа Си.
Тој ја повика ЕУ задно со Кина „да ги штити праведноста и правдата“ и да се спротивстави на „едностраното насилство“, пренесува Синхуа, додавајќи дека кинескиот лидер односните со ЕУ ги опиша како едни од највлијателните во светот.
Кина порача дека би поздравила посети од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен „во соодветно време“, за заеднички да одржат нова рунда средби на високо ниво.
Кина и ЕУ планираат низа дијалози за стратегијата, економијата и трговијата, зелената транзиција и дигитализацијата, најави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џијан на прес-конференција.
Тој потврди и дека Кина и Европскиот парламент одлучиле повторно да овозможат заемни посети и контакти.
Минатата недела ЕУ објави дека Кина ќе ги укине санкциите против членови на Европскиот парламент и неговиот одбор за човекови права. Тие санкции беа воведени во 2021 откако Западот им наметна мерки на кинески функционери обвинети за масовно затворање на муслиманските Ујгури во регионот Синџијанг.
„Во моменталните околности, двете страни сметаат дека е исклучително важни Кина и Европа да ги зајакнат дијалогот и соработката“, им кажа Лин на новинарите.
Тој изрази уверување дека обновените разговори „ќе внесат нов поттик“ во развојот на односите на Кина и Европската Унија.