понеделник, 5 мај 2025

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со Соединетите Држави преку консултации на еднаква основа, но цврсто ќе се спротивстави на секој што ќе постигне договор на штета на Кина, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Кина „ќе преземе контрамерки на решителен и реципрочен начин“ доколку која било земја бара такви договори, рече министерството, повикувајќи се на веста дека администрацијата на Трамп се подготвува да изврши притисок врз други земји да ја ограничат трговијата со Кина во замена за царински ослободувања од Соединетите Американски Држави.

Кина е одлучна и способна да ги заштити сопствените права и интереси, додаде кинеското министерство.

„Ако ги погледнете бројките, околу 20 отсто од профитабилноста на јапонските компании доаѓа од САД и околу 15 отсто од Народна Република Кина“, изјави за Би-би-си Џеспер Кол од јапонската онлајн платформа за тргување Монекс Груп.

„Јасно е дека Јапонија не сака да биде принудена да избира меѓу Америка и Кина“.

Од инаугурацијата на Трамп, имаше голем број најави за воведување нови царини.

Американскиот претседател тврди дека увозните царини ќе ги поттикнат американските потрошувачи да купуваат домашни производи, ќе ги зголемат даночните приходи и ќе поттикнат големи инвестиции во земјата.

Сепак, критичарите предупредуваат дека враќањето на производството во САД е сложен и долг процес кој може да потрае со децении, додека економијата во меѓувреме може да страда.

Трамп воведе царини до 145 отсто за увоз од Кина. Другите земји во моментов се соочуваат со единствена американска царина од 10 отсто, која ќе биде на сила до јули.

Неговата администрација минатата недела изјави дека вкупното царинско оптоварување на одредени кинески стоки – кога ќе се соберат старите и новите мерки – може да достигне дури 245 отсто.

Трамп тврди дека повеќе од 70 земји се обратиле до САД со желба да започнат преговори откако беа објавени царините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ