петок, 9 мај 2025

Кина се потсмева со царините: „Трамповите капи се произведуваат и во Кина, сега се многу поскапи“

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева со ефектите од царините на Трамп врз американските потрошувачи.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

На сликата е познатата црвена капа „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again), симбол на политичката кампања на Трамп, со натпис „Направено во Кина“ (Made in China). Цената на капата е симболично прецртана од 50 на 77 долари – алудирајќи на порастот на цените на увезената стока од Кина откако американскиот претседател воведе високи царини.

Најавата е јасна порака во трговската војна, со која Пекинг сака да нагласи дека најголемиот трошок за политиките на Трамп ќе го платат самите Американци, од сопствениот џеб.

Кинеските царини од 84 отсто за американските стоки стапија во сила вчера, а трговската војна меѓу двете велесили влегува во нова, неизвесна фаза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ