петок, 13 јуни 2025

Кина претстави нов воздухопловен носач на дронови: „Голем, спор и видлив“ (ВИДЕО)

Пекинг се пофали со авион кој може да носи повеќе од 100 дронови и проектили, но компјутерската анимација која ја објавија наиде на потсмев од Американците. Кина во неделата покажа фотографии од леталото Џиу Тиан СС-УАВ, голем авион кој се опишува како „воздухопловен носач на дронови“, со распон на крилата од 25 метри, способен да превезува до 100 дронови или околу 1.000 килограми проектили со дострел од 7 километри на крстосувачка висина од околу 15 километри.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Иако авионот би можел да лета надвор од дострелот на повеќето противвоздушни системи со среден дострел, во бројни коментари на интернет се истакнува дека не би имал шанса против напредните системи во САД, Европа или делови од Азија. Кинеските медиуми истакнуваат дека може да лансира роеви дронови.

„Не сум борбен пилот, но ова е како да се обидеш незабележано да влезеш во непријателскиот воздушен простор со формација авиони за надополнување гориво КЦ-10“, напиша пензиониран пилот на американското воздухопловство на социјалната мрежа Икс, откако ја видел анимацијата. „Ова е огромен магнет за проектили. Класична пропаганда“, додаде тој.

Друг корисник на Икс коментира: „Џиутиан СС-УАВ е само голем реквизит за пропаганда, ништо повеќе. Во кој било воздушен простор под надзор, особено оној кој го штити интегриран противвоздушен систем, ова нешто не би го поминало ни надворешниот систем за одбрана“. Трет пишува:; „Јасно. Голем, спор и видлив“.


Многумина ги исмеваат тврдењата на кинеските државни медиуми дека станува збор за „мирољубива“ воена технологија. „Уверен сум дека Тајван се чувствува многу безбедно знаејќи дека Кина не планира да ја користи војската за напади на други земји“, пишува еден корисник. Друг додава: „Слободните луѓе на демократски Тајван ќе бидат одушевени кога ќе го слушнат тоа“.

Леталото Џиу Тиан, што во превод значи небесна височина, е најавено како летачка база за дронови на големи висини за време на воздухопловниот сам во Жухаи во ноември. Според кинеските медиуми, првиот лет се очекува на крајот на јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ