Танг примал мито, вклучувајќи готовина и средства во вредност од над 268 милиони јуани (37,6 милиони долари), на различни позиции што ги извршувал од 2007 до 2024 година, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Судот ја одложи неговата смртна казна за две години бидејќи тој ги признал своите злосторства.
Комунистичката партија на Кина го исклучи Танг во ноември 2024 година, шест месеци откако тој беше ставен под истрага од страна на антикорупциска агенција, а потоа беше отстранет од функцијата.
Претседателот Си Џинпинг започна кампања за чистка во апаратот за внатрешна безбедност на Кина во 2020 година, со цел да се осигури дека полицијата, обвинителите и судиите се „апсолутно лојални, апсолутно чисти и апсолутно доверливи“, пренесува Ројтерс.
Танг беше гувернер на западната провинција Гансу од 2017 до 2020 година пред да биде назначен за министер за земјоделство.
Во јануари, Си рече дека корупцијата е најголемата закана за Комунистичката партија на Кина и дека сè уште е во пораст.






