сабота, 7 март 2026

Кина побарала од рафинериите на нафта да го сопрат извозот

Кинеските власти побарале од своите главни рафинерии да престанат да извезуваат дизел и бензин, бидејќи војната на Блискиот Исток претставува ризик од недостиг на понуда, објави американската агенција Блумберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Актуелната блокада на поморскиот сообраќај во стратегиски важниот Ормуски теснец, помеѓу Индиски Океан и Персискиот залив, го загрозува снабдувањето со енергија на азискиот гигант, кој во голема мера зависи од сировата нафта од овој регион.

Службеници од Националната комисија за развој и реформи (НДРК), главното тело за економско планирање на Кина, се сретнале со претставници на рафинериите и „усно побарале привремено прекинување на испораките на нафтени производи, со непосреден ефект“, според Блумберг.

„Од рафинериите е побарано да престанат да потпишуваат нови договори и да преговараат за откажување на веќе договорените испораки“, објави агенцијата, повикувајќи се на извори блиски до тоа прашање.

ПетроКина, Синопек, ЦНООК, Синокем груп и приватната рафинерија Жеџијанг петрохемикал редовно добиваат квоти за извоз на гориво од владата, додава Блумберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ