понеделник, 8 декември 2025

Кина откри големо наоѓалиште на злато

Кина денес објави историско откритие – пронајдено е најголемото поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните над 70 години. Според податоците од министерството за природни ресурси, рудникот за злато Дадонгоу, кој се наоѓа во североисточната покраина Лиаонинг, крие дури 1.444,49 тони докажани резерви, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави државниот весник Глобал тајмс, рудникот веќе ја поминал проценката за економска профитабилност, со што се отвора патот за негов понатамошен развој и почеток на експлоатацијата. Наоѓалиштето е класифицирано како супер голем отворен рудник, а официјалните податоци откриваат дека областа над 720 метри надморска височина содржи околу 2,586 милијарди тони руда. Просечното учество на злато во рудата е 0,56 грама на тон.

Она што го прави ова откритие уште позначајно е невообичаено брзиот процес на истражување, кој траел само 15 месеци. Во извештајот се вели дека овој ефикасен пристап би можел да стане модел за идни „краткоциклични, висококвалитетни“ истражувања на минералните суровини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ