сабота, 27 декември 2025

Кина нуди да биде домаќин на средбата Путин-Трамп, без Зеленски

САД и Европа се скептични кон предлогот на Пекинг, со оглед на неговите блиски врски со Москва, пишува Волстрит џурнал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кина понуди да биде домаќин на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за да помогне да ѝ се стави крај на војната во Украина, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на информирани извори.

Кинеските власти преку посредници му го пренеле на тимот на Трамп предлогот да се одржи средба меѓу двајцата лидери и да се помага во одржувањето на мирот по евентуалниот договор, рекле за весникот извори од Пекинг и од Вашингтон.

Трамп во средата рече дека и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кои разговараше по телефон, изразиле желба за мир, врз основа на што им наредил на високите американски претставници да започнат разговори за ставање крај на војната во Украина.

Трамп подоцна им рече на новинарите во Овалната соба дека тој и Путин „првиот пат веројатно ќе се сретнат во Саудиска Арабија“, иако не прецизираше кога.

Кинеската понуда предвидува американско-руски самит без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според изворите во Пекинг и во Вашингтон. Изгледите САД да преговараат за иднината на Украина и за европската безбедност со Русија и Кина е спротивна на долгогодишното ветување на Западот дека ќе ја вклучи Украина во какви било разговори за да се одлучи за нејзината иднина.

Белата куќа не потврдила дали ја добила понудата на Кина, но рекла дека ја одбива идејата. „Сосема неостварливо“, рекол претставник на Белата куќа.

Запрашан за предлогот, портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон рекол дека не знае за тоа, додавајќи: „Се надеваме дека страните ќе работат на деескалација и ќе се залагаат за политичко решение“.

Трамп рече дека има цел да ѝ стави крај на војната меѓу Украина и Русија во првите 24 часа како претседател. Сега, администрацијата вели дека тоа ќе го стори во првите 100 дена.

Американските власти како виновник ја посочија поддршката на Кина за Русија, што ѝ овозможи на Москва да продолжи да се бори и да му се спротивстави на меѓународниот притисок за прекин на огнот. Воените напори на Русија беа поддржани и од Иран и Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ