вторник, 13 мај 2025

Кина негира дека преговарала со САД за царините

Кина денеска негираше дека разговарала со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за царините, велејќи дека секоја идеја за напредок по ова прашање е неоснована.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ставот на Кина е доследен и ние сме отворени за консултации и дијалози, но секоја форма на консултации и преговори мора да се води врз основа на заемно почитување и рамноправност“, рече портпаролот на Министерството за трговија Хе Јадонг.

Коментарите од Кина доаѓаат откако Трамп денеска изјави дека работите одат „добро со Кина“ и дека конечната царина за кинескиот извоз ќе се намали „значително“ од сегашните 145 проценти.

Трамп претходно неделава им рече на новинарите дека „сè е активно“ на прашањето дали е во контакт со Кина, иако американскиот министер за финансии рече дека нема официјални преговори.

Запрашан за негирањето на Кина дека се водат разговори со САД, Трамп рече: „Тие утрово имаа состанок“, и додаде: „Не е важно кои се тие“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ