понеделник, 22 декември 2025

Кина и САД започнаа нови трговски преговори

Кина и САД денес започнаа нови трговски преговори во Куала Лумпур, во обид да најдат решение за царинската војна меѓу двете најголеми светски економии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

АФП објави дека кинескиот потпретседател Хе Лифенг пристигнал во кулата Мердека 118, вториот највисок облакодер во светот, каде што се одржуваат преговорите.

Американската делегација пристигнала преку посебен влез, подалеку од видокругот на камерите.

„Кинеската и американската делегација се состанаа утрово на разговори за економски и трговски прашања“, објави кинеската новинска агенција Синхуа, потврдувајќи го почетокот на преговорите.

Неименуван портпарол на американското Министерство за финансии исто така го потврди почетокот на преговорите.

Малезија е домаќин на самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој започнува утре во Куала Лумпур, а на состанокот ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа замина на азиска турнеја.

За време на посетата на Азија, се очекува американскиот претседател да се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг во четврток со цел да склучи трговски договор со Пекинг.

Средбата е закажана на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој ќе се одржи во јужнокорејскиот град Гјеонгџу, почнувајќи од 31 октомври.

Двете најголеми светски економии се заглавени во трговска војна откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа во јануари.

Серија претходни разговори во Женева, Лондон, Стокхолм и Мадрид досега ги спречија двете сили да ги спроведат заканите за казнените тарифи.

Нивното трговско примирје истекува на 10 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ