Според кинеските медиуми, мостот го скратува времето на патување помеѓу двете страни на кањонот од речиси два часа на само две минути.
Станува збор за висечки мост со челични решетки со вкупна должина од 2.890 метри. Челичните решетки на мостот тежат вкупно околу 22.000 тони, што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.
Изградбата официјално започна на 18 јануари 2022 година.
Во август годинава тим испитувачи довезоа 96 камиони на одредени точки на мостот за да го тестираат неговиот структурен интегритет.
Мостот сега го држи рекордот како највисок мост во светот, но и како мост со најдолг распон изграден во планинска област.
Гуиџоу е планинска провинција со исклучително сложен релјеф, а мостот го преминува длабокиот и тесен кањон Хуаџијанг, кој мештаните го нарекуваат „пукнатината во земјата“.






