Тунелот, долг 22,13 километри, е дел од автопатот Урумчи-Јули и ќе ги поврзува северните и јужните делови од регионот преку планините Тјаншан, објави новинската агенција Синхуа.
Со неговото пуштање во употреба времето за преминување на планините ќе се скрати од неколку часа на околу 20 минути.
Според заменик-директор на регионалниот оддел за транспорт Гуо Шенг, проектот ќе го олесни долгогодишниот сообраќајен метеж и ќе придонесе за побрз развој на Синџијанг.
Патувањето помеѓу Урумчи и Корла, кое претходно траело околу седум часа, ќе се скрати на околу три часа.






