четврток, 8 мај 2025

Кина го гради највисокиот мост во светот, го скратува патувањето од 2 часа на минута (ВИДЕО)

Кина планира во јуни да го отвори највисокиот мост во светот, што е најнов инженерски подвиг за земјата позната по големите инвестиции во инфраструктурата, пишува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со години Кина спроведува обемна кампања за модернизација на својата инфраструктура, особено во релативно неразвиените планински области како што е Гуижу, кој се наоѓа на 1.300 километри западно од градот Шенжен.

Овој мост не е изграден само за да соборува рекорди. Кога ќе биде пуштен во употреба, значително ќе го олесни патниот транспорт. Според извештаите во кинеските државни медиуми, мостот ќе го намали времето на патување низ кањонот Хуаџианг од два часа на само една минута.

Станува збор за висечки челичен мост со решеткаста конструкција, со вкупна должина од 2.890 метри. Изградбата официјално започна на 18 јануари 2022 година, а се очекува да биде завршена на 30 јуни 2025 година, според локалните медиуми во Гуижу.

Челичните решетки на мостот тежат вкупно околу 22.000 тони, што е еквивалентно на тежината на три Ајфелови кули.

„Во моментов, целокупниот напредок на градилиштето достигна 95%, а мостот е планирано да биде отворен за сообраќај во втората половина на 2025 година“, изјави Џанг Шенглин, главен инженер на Гуижу Хајвеј Груп, за Чајна дејли.

„Тогаш, овој мегапроект што ќе  преминува ‘пукнатина во земјата’ ќе стане првиот таков мост во светот во двете насоки. Тоа ќе биде уште еден проект што ќе ја демонстрира силата на Кина на полето на инфраструктурата“, додаде Џанг. Во моментов, речиси половина од 100-те највисоки моста во светот се наоѓаат во провинцијата Гуижу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ