четврток, 8 мај 2025

Кина ги отфрли украинските обвинувања за вооружување на Русија како „политичка манипулација“

Кинеското министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата на Киев за наводна вмешаност на кинески компании во производството на воена опрема во Русија, нарекувајќи ги неосновани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата ја даде портпаролот на кинеската дипломатија Гуо Џиакун како одговор на повикувањето на кинескиот амбасадор од страна на украинското министерство за надворешни работи.

„Веќе јасно го изнесовме кинескиот став за релевантните прашања. Кина решително се противи на неоснованите обвиненија и политичката манипулација“, кажа портпаролот.

Како што тврдат украински медиуми, на 22 април кинескиот амбасадор Ма Шенгкун бил повикан во украинското министерство за надворешни работи поради тврдењата дека кинески државјани учествувале во конфликтот на страна на Русија, и дека големи кинески компании произведуваат оружје на територијата на Русија.

За време на состанокот заменик министерот за надворешни работи на Украина Јевхен Перебинис истакна дека „доказите за учество на кинески државјани“ во војната против Украина, како и вклученоста на кинески компании во военото производство во Русија предизвикуваат сериозна загриженост и противречат на духот на партнерството меѓу Украина и Кина.

Претседателот на Украина Володимир Злеенски претходно изјави дека Киев дошол до информации дека Кина ѝ испорачува оружје на Украина – конкретно барут и артилерија. Кина одговори дека не испорачала смртоносно оружје на ниедна страна во војната.

Кинеското министерство за надворешни работи уште еднаш ги отфрли сите обвинувања, истакнувајќи дека се политички мотивирани и неосновани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ