вторник, 6 мај 2025

Кина демантира дека нејзини државјани војуваат во Украина на страната на Москва

Кина денес ги демантираше тврдењата на Киев дека значителен број кинески државјани се борат во Украина на страната на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше вчера дека украинската војска заробила двајца Кинези кои се борат заедно со руските трупи во источната Доњецка област и дека „има информации“ дека „значително повеќе кинески државјани се борат на руската страна“.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лин Џиан кажа во Пекинг дека Кина одиграла конструктивна улога во политичкото решавање на украинската криза.

Лин на дневниот брифинг во средата кажа дека кинеската влада секогаш бара од кинеските граѓани да ги избегнуваат конфликтните зони, да избегнуваат мешање во каков било облик на оружен конфликт, а особено да се воздржат од учество во воени операции на која било страна.

Кина ѝ пружи значителна дипломатска поддршка на Русија по почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022.

Пекинг ја поддржа Москва и со засилена трговија со енергенси, по санкциите кои Западот ги наметна против Русија, но до сега нема докази дека кинеската војска учествувала во конфликтот.

И Кев и Москва дозволуваат странски државјани да учествуваат во војната.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус кажа вчера дека Соединетите Американски Држави се известени за тврдењата дека кинески државјани кои се борат за Русија се фатени во Украина и ги нарече „вознемирувачки“.

„Кина е главниот сојузник на Русија во војната во Украина“, кажа Брус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ