четврток, 19 март 2026

Кина „цврсто се противи“ на израелската ескалација во Газа

Кина „цврсто се противи“ на ескалацијата на воените операции на Израел во Појасот Газа и бара од Израел да ги послуша повиците за моментално прекинување на непријателствата на таа палестинска територија, изјави денес портпаролот на кинеското министерство за врски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кина „ја осудува секоја акција што влијае на цивилите“, изјави портпаролот Лин Џиан, осврнувајќи се на големата копнена офанзива што започна вчера во градот Газа.

„Апелираме до Израел да ги послуша силните повици на меѓународната заедница веднаш да ги прекине своите воени операции во Газа и што е можно поскоро да воспостави целосен и траен прекин на огнот за да се спречи хуманитарна криза од уште поголеми размери“, кажа тој за време на редовната прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ