четврток, 1 јануари 2026

Ким: Секогаш непоколебливо ќе ги поддржуваме напорите на Кина да го одбрани својот суверенитет

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и кинескиот претседател Си Џинпинг ја изразија својата „непоколеблива“ посветеност на развојот на односите меѓу нивните земји, без оглед на меѓународниот контекст, објави денес севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким Џонг Ун вчера одржа билатерални разговори со својот кинески домаќин, по оние со Путин претходниот ден. „Посветеноста на Работничката партија на Кореја и владата за континуиран развој на односите меѓу Северна Кореја и Кина е непоколеблива“, рече Ким.

Завчера, севернокорејскиот лидер учествуваше, заедно со кинескиот претседател и рускиот колега Владимир Путин, на масовни комеморации за крајот на Втората светска војна, во услови на тензии со Западот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа ги обвини тројцата за „заговор“ против САД. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, ја опиша оваа историска средба како „директен предизвик“ за меѓународниот поредок.

Северна Кореја „секогаш непоколебливо ќе ги поддржува“ напорите на Кина да го брани својот суверенитет, територијален интегритет и интереси, нагласи Ким Џонг Ун. Си Џинпинг, исто така, увери дека посветеноста на Кина за развој на односите ќе остане „непроменлива, без оглед на тоа како ќе се развива меѓународната ситуација“.

„Пријателството меѓу народите на Северна Кореја и Кина останува константно, без оглед на промените во светот“, додаде Ким, пофалувајќи го „топлото добредојде“ во видео емитувано синоќа од кинеската државна телевизија ЦЦТВ.

Дипломатската, политичката и економската поддршка на Кина е клучна за Северна Кореја. Сепак, Северна Кореја стана еден од главните поддржувачи на Русија во војната против Украина, која Кина не ја поддржува, велат експертите.

Ким пристигна во Пекинг пред три дена во придружба на ќерката Ким Џу Ае и сестрата Ким Јо Џонг, што е негово второ патување во странство за шест години и прво во Кина од 2019 година. Неговиот воз синоќа беше виден како го напушта Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ