сабота, 12 јули 2025

Ким Џонг Ун отвори одморалиште со тобогани и базени, „најголемото достигнување на годината“ (ФОТО+ВИДЕО)

Ким Џонг Ун, навикнат да надгледува лансирање балистички ракети и политички чистки, оваа недела го смени темпото и посети ново крајбрежно одморалиште со своето семејство – водечки проект на туристичката офанзива што еден ден би можела да вклучи и странски туристи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким, кој го замени својот препознатлив маоистички капут со темно одело, бела кошула и вратоврска во бојата на песокот на плажата Вонсан Калма, го нарече одморалиштето едно од најголемите достигнувања на годината, објави денес државната новинска агенција КЦНА.

Во придружба на својата ќерка Ким Џу Ае, за која се верува дека е негов наследник, и сопругата Ри Сол Ју, Ким во вторникот седеше опуштено покрај базен со цигара, ладен пијалок и пешкир додека туристите јуреа по водните тобогани во позадина.

Ким и неговата ќерка, наводно едно од трите деца што ги има со Сол Ју, беа фотографирани и на плажата долга четири километри, опкружени со службени лица, додека во далечината се видливи хотели.

Одморалиштето, кое се наоѓа на источниот брег на земјата, има спортски и рекреативни содржини, како и комерцијални и јавни угостителски услуги, соопшти КЦНА. Ким изрази увереност дека „бранот на среќа што ќе се прошири низ крајбрежната туристичка област Вонсан Калма дополнително ќе го зајакне нејзиниот привлечен имиџ како светско културно-туристичко одморалиште“.

Според агенцијата, властите се надеваат дека одморалиштето ќе привлекува 20.000 посетители годишно кога ќе се отвори на 1 јули.

Откако ја пресече лентата на церемонијата на отворањето, Ким рече дека по повеќе од една деценија работа и зголемени трошоци, проектот конечно станал „брилијантна реалност“ и, како што рече, „ќе игра водечка улога во воспоставувањето туристичка култура“ во Северна Кореја.

Но, странските туристи кои се надеваат на одмор на плажа во севернокорејски стил ќе останат разочарани – засега, Вонсан Калма ќе биде отворена само за домашни посетители, бидејќи земјата постепено ги ублажува ограничувањата за странските посетители воведени за време на пандемијата.

Туризмот останува во голема мера забранет, иако на руските туристи им е дозволено да посетуваат одредени делови од земјата како дел од групни тури.

Посетата на семејството Ким неизбежно предизвика шпекулации меѓу аналитичарите. Јужнокорејските медиуми објавија дека Ри Сол Ју за прв пат се појави во јавноста  од прославата на Новата година во 2024 година. Според извештаите, таа носела чанта од „Гучи“, што би можело претставува прекршување на санкциите на ОН со кои се забранува извоз на луксузни стоки во Северна Кореја.

Ќерката на Ким, која има околу 12 години, редовно се појавува покрај него од крајот на 2022 година, што ги поттикна шпекулациите дека ја подготвуваат да стане четвртиот член на династијата Ким и прва жена што ќе ја води Северна Кореја од основањето на земјата во 1948 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ