четврток, 18 декември 2025

Ким Џонг Ун на тестирање на борбени дронови, повика на развој на вештачка интелигенција (ФОТО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствувал на тестирање на борбени беспилотни летала и охрабрил истражување за употреба на вештачка интелигенција во воени цели, јави денес државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Експертите проценуваат дека ваквиот развој на севернокорејскиот арсенал несомнено е поврзан со воената соработка со Русија, обележана од испраќањето на севернокорејски војници да се борат заедно со руските сили во војната со Украина.

Според фотографиите објавени од официјалната новинска агенција КЦНА, голем дрон полетува, а потоа ја уништува целта.

Тој тест „јасно ја покажа извонредната борбена ефикасност на тактичките борбени беспилотни летала на Пјонгјанг“, додава агенцијата.

За Ким Џонг Ун овие летала претставуваат висок приоритет и се најважна задача во модернизацијата на севернокорејската армија.

Севернокорејскиот лидер повикал и на брз развој на неодамна воведената технологија на вештачка интелигенција и проширување и зајакнување на капацитетот за масовно производство на беспилотни летала, додава КЦНА. Државните медиуми минатата година го најавија развојот на борбените беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ