Тој го објави ова на Фејсбук по посетата на командантите во областа, во време кога руските напредувања по фронтот се значително забавени во јануари поради екстремно ниските температури.
И покрај тешките временски услови, Русија продолжи да напредува северно од Покровск, остварувајќи повремени и постепени придобивки, пренесуваат украинските медиуми
Украинските сили продолжуваат да напаѓаат ретко населени области северно од градот во јануари, оставајќи ја областа сè уште спорна, повеќе од три месеци откако Владимир Путин го прогласи градот за опколен. Според генералот Сирски, само во областа на Покровск се регистрирани 400 конфликти во изминатата недела.
„Нашата клучна задача е да му нанесеме максимални загуби на непријателот, да ги уништиме неговите резерви и постојано да го намалуваме офанзивниот потенцијал“, напиша Сирски. Тој додаде дека посебно внимание се посветува на проширувањето и развојот на украинските беспилотни летала.
Покровск, индустриски град кој беше едно од најжестоките боишта во текот на 2025 година, ги запре руските офанзивни операции во регионот Доњецк повеќе од една година пред да биде во голема мера освоен кон крајот на есента.
Способноста на Украина да ги зајакне одбранбените линии северозападно од градот останува неизвесна. Се очекува Русија да ги засили напорите за освојување на преостанатиот дел од регионот Доњецк контролиран од Украина во текот на пролетта и летото.






