понеделник, 22 декември 2025

Киев пост: Руски војници на коњи се обидоа да нападнат украински позиции (ВИДЕО)

Руски војници се снимени како на коњи се обидуваат да изведат јуриш врз украински позиции. Снимката од неуспешниот напад ја објавија припадници на украинските вооружени сили, вели Киев пост.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Припадници на 5. јуришен баталјон од 92. посебна јуришна бригада забележале група руски војници што на коњи се движеле кон нивните позиции, објави украинскиот медиум.

„Руските окупатори ја губат опремата толку брзо што се принудени да се движат на коњи. Но ни тоа не им помага — операторите на дронови од 5. јуришен баталјон на 92. посебна јуришна бригада го неутрализираат непријателот веднаш штом ќе ја забележат целта“, се наведува во написот и се додава дека бидејќи украинските позиции биле бранети со беспилотни летала, јавачите биле убиени.

Украински коментатори сметаат дека овој потег е доказ дека на руската армија ѝ снемува решенија како да ја совлада „зоната на уништување“ на патот кон украинските позиции.

„Коњица ги напаѓа нашите позиции. Ова е лудо! Мислев дека е шега и уште една рунда АИ-експерименти, но не — во затворена група на пилоти веќе се дискутира и се потврдуваат вакви факти. Ми е жал за коњот. Навистина“, напиша припадник на вооружените сили на Украина и граѓански активист, Микола Ворошнов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ