понеделник, 15 декември 2025

Киев: Полковник на СБУ убиен сред бел ден, напаѓачот е во бегство (ФОТО+ВИДЕО)

Полковник на Службата за безбедност на Украина (СБУ) Иван Воронич е убиен утрово во областа Холосијев во Киев. Според информациите добиени од Украинска правда од извори во службите за спроведување на законот, напаѓачот му се приближил на полковникот и испукал пет прецизни истрели од пиштол, по што избегал.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Воронич од здобиените рани починал на местото на инцидентот. Полицијата веднаш започнала истрага, областа на нападот била опколена. Службата за безбедност на Украина потврди дека нивниот вработен е убиен и соопшти дека заедно со Националната полиција започнале кривична истрага.

„Покрената е кривична истрага во врска со убиството на припадник на СБУ во областа Холосијев во Киев. Безбедносната служба и Националната полиција спроведуваат сеопфатни мерки за да се утврдат сите околности на злосторството и да се изведат одговорните лица пред лицето на правдата“, се вели во официјалното соопштение.

Истрагата се води според член 348 од Кривичниот законик на Украина, што се однесува на атентат врз припадник на органите за спроведување на законот или воен персонал.

Полицијата интензивно трага по лицето кое го уби полковникот. Украинските власти засега не објавуваат дополнителни детали, а безбедносните служби најавија дека јавноста ќе биде информирана за развојот на истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ