Цела Украина беше во воздушна готовност од 2 часот, откако воздухопловните сили на земјата предупредија за напад, вклучително и во регионите што граничат со Полска, принудувајќи ја членката на НАТО да подигне авиони за да ја гарантира безбедноста на воздухот.
Пожари се пријавени во најмалку три области на Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграма.
Лекарите хоспитализираа двајца цивили во областа Дарнички на источниот брег на реката Днепар, која го дели градот, додаде тој.
„Не ги напуштајте засолништата! – изјави Кличко.
Очевидци на Ројтерс слушнале неколку силни експлозии за кои рекоа дека звучеле како операција за противвоздушна одбрана.
Размерите на нападот сѐ уште не се јасни. Исто така, нема извештаи за напади или штети во западните украински региони кои граничат со Полска. „Пожари избувнаа во квартовите Дарница, Соломјанка и Оболон. Во Дарница има повредени. Медицинските и итните служби се на терен“, додаде Кличко. Особено тешка ситуација е забележана во Оболон, каде по нападот избувна пожар во деловен центар, а зградата делумно се урна. Спасувачките екипи сѐ уште се на местото на настанот.
One of several craters around Kyiv this morning while Russians continue to use every element of the “ceasefire” to further their war aims.
Kyiv’s Obolon District pic.twitter.com/dZ2xM8GxKU
— SPRAVDI — Stratcom Centre (@StratcomCentre) April 6, 2025
Засега нема коментар од Русија. Двете страни негираат дека напаѓаат цивили во војната што Русија ја започна со инвазија на својот помал сосед пред три години. Илјадници цивили загинаа во конфликтот, огромното мнозинство од нив Украинци.