„Откако мировните преговори оваа година завршија без значителен напредок, тие се прекинати“, кажа украинскиот функционер.
Тој ја обвини Москва за неуспехот на разговорите. Предлогот на Москва од состанокот во Истанбул за формирање работни групи и механизми за олеснување на соработката, за Кислица, наводно е обид на „Кремљ да ги убеди Соединетите Американски Држави дека преговорите наводно напредуваат успешно и на тој начин да избегнат казнени мерки“.
Украинскиот заменик министер за надворешни работи се пожали дека руската делегација многу добро го знае минатото на секој член од украинската страна, а понекогаш „кажува провокативни и прилично непријатни работи“.
Најмногу го мачи изборот на рускиот претседател Владимир Путин за главен преговарач да го постави Владимир Медински, кого го обвини дека ги отворил разговорите со „предавање со искривен поглед на историјата на Украина и Русија“, заклучувајќи дека „ние, Руси, убиваме Руси“.
Кисица во тој говор гледа наводен трик од страна на Москва, како што вели, насочен кон „одвлекување на вниманието“ и „иритација на украинските делегати“, за потоа тие да можат да ги обвинат за пропаѓањето на разговорите.
Тој откри и дека од летото Украина лобира кај своите западни поддржувачи да „дејствуваат поенергично“ и „да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на лична средба со Володимир Зеленски“.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков неодамна изјави дека паузата во преговорите за Украина се случила поради Киев и провокациите од Европа. Ова го попречува процесот на решавање на украинската криза, додаде Песков.
Тој изјави дека не може да се зборува за меѓусебна доверба меѓу Москва и Киев. Директните преговори меѓу Москва и Киев продолжија во мај 2025 година. Досега се одржани три рунди – на 16 мај, 2 јуни и 23 јули.
За време на првата рунда Москва и Киев се согласија да разменуваат затвореници според формулата „1000 за 1000“, а за време на втората рунда да ги вратат телата на загинатите војници, а разменија и меморандуми за тоа како го гледаат на мирно решение.






