понеделник, 23 февруари 2026

Киев: Нов круг на мировните преговори би можел да се одржи на крајот на неделата

Нова рунда преговори за окончување на војната во Украина би можела да се одржи на крајот од оваа недела, соопшти денес кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украина, Русија и Соединетите Американски Држави одржаа неколку рунди разговори во Абу Даби и Женева, додека Вашингтон настојува да ја заврши војната почна на 24 февруари 2022 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека на крајот од неделата, оваа недела“, им одговори претставник на кабинетот на украинскиот претседател на новинарите на прашањето кога ќе се одржи новата рунда преговори. „Не е тајна дека преговорите не се лесни, но дефинитивно има напредок и се приближуваме кон моментот кога сите страни ќе мора да донесат конечни одлуки, дали ќе ја продолжат оваа војна или ќе преминат на мир“, се наведува во соопштението од кабинетот на украинскиот претседател.

Се наведува и дека следната размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина би можела да се случи оваа недела и дека би можела да биде поголема од претходната, кога земјите разменија по 157 воени заробеници. Но не е прецизиран точниот број.

На прашањето на новинарите за однесувањето на Русија во преговорите, од кабинетот одговорија дека тоа било „воздржано, учтиво и професионално“. „Се однесуваат на дипломатски коректен начин, исто така, на сите им е јасно дека имаме различни ставови“, се наведува.

Се истакнува и дека Украина „прави сè“ за да организира средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, но дека тоа е малку веројатно во моментов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ