понеделник, 7 април 2025

Киев ги постави своите црвени линии: Нема откажување од окупираните региони и намалување на војската

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина за време на претстојните преговори за окончување на војната нема да се откаже од териториите кои ги окупираше Русија и дека нема да прифати да ја намали војската.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Наш приоритет е наша силна војска. Значи, ова за нас е црвената линија – нема намалување на бројот на нашите војници. Да бидам искрен, ќе направиме сè за војската да остане во состојбата во која е денес. Голема армија, три пати поголема отколку што беше на почетокот на војната“, кажа тој при посетата на Черниговската област.

Зеленски истакна и дека украинска „приоритетна црвена линија“ ќе биде непризнавање на териториите кои ги окупира Русија.

„Втора геополитичка работа е непризнавање на кои било територии кои Русија ги окупира. Тоа се украински територии, тоа за нас е една од најважните црвени линии. Во секој случај, тоа се привремено окупирани територии“, истакна украинскиот претседател.

Тој оцени дека праведен мир ќе дојде кога сите територии ќе бидат вратени.

„Но, ако може да се постигне компромис враќањето на овие територии со текот на времето да се одвива по дипломатски канали… мислам дека за одредени територии тоа ќе биде единствениот начин“, истакна Зеленски.

Тој додаде и дека Украина ќе инсистира на казнување на воените злосторници.

„Друга работа е кој ќе биде со нас во ова. Ова веќе зависи од достоинството и моралот на другите партнери, а не од Украина“, оцени Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ