вторник, 30 декември 2025

Казахстан со закон забрани ЛГБТ содржини во медиумите

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев во вторникот потпиша закон со кој во медиумите, телекомуникациските мрежи и онлајн платформите се забранува ЛГБТ пропагандата и педофилијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено во соопштението за медиумите на официјалната веб-страница на претседателот, овие норми се вклучени во законските ограничувања за дистрибуција на нелегална содржина, но сè уште не е прецизирано кога законот ќе стапи на сила, пишува агенцијата Анадолу.

Предлог-законот претходно беше одобрен од двата дома на казахстанскиот парламент. Прекршувањето на новите одредби ќе се казнува со парична казна од 144.500 казахстански тенге, што е околу 280 американски долари, и административен притвор до 10 дена. Донесувањето на овој закон следува откако граѓаните на Казахстан поднесоа петиција пред околу година и пол со која бараа забрана за ЛГБТ пропаганда во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ