сабота, 12 јули 2025

Кавга со меѓусебни обвинувања на Иран и Израел во ОН

На вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, имаше остра размена на обвинувања меѓу претставниците на Иран и Израел, додека светските сили дискутираа за сè посериозната воена ескалација меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на ОН предупреди дека светот „ита кон криза“, а постојаните европски членки на Советот – Британија и Франција – повикаа на итна деескалација. Но, жестоките тонови на иранската и израелската делегација открија колку се длабоко вкоренети нивните ставови.

Амбасадорот на Иран го нарече израелскиот напад „неиспровоциран“, тврдејќи дека нуклеарната програма на Иран е чисто мирновременска. Тој ги обвини Соединетите Американски Држави за соучество, а остатокот од Советот за неактивност и кажа дека Иран ќе продолжи да се брани сè додека не престанат израелските воени операции.

Како одговор, амбасадорот на Израел го обвини Иран за „геноцидна агенда“ тврдејќи дека иранскиот капацитет за нуклеарно оружје се развива побрзо отколку што сите мислат. Тој порача дека Израел нема да престане да ги напаѓа нуклеарните објекти на Иран сè додека заканата не се „отстрани“.

Кина го обвини Израел за кршење на меѓународното право, додека Русија кажа дека Израел покажал „очигледно непочитување на дипломатијата“. Од друга страна, САД го нарекоа Иран „главен извор на терор на Блискиот Исток“, го истакнаа својот сојуз со Израел и ги поддржаа неговите воени дејства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ