понеделник, 8 декември 2025

Катастрофални поплави на Тајланд, луѓе се заглавени на покривите (ВИДЕО)

Катастрофални поплави погодија милиони луѓе во Тајланд, Индонезија и Малезија, со најмалку 33 мртви во големите поплави во јужен Тајланд, објавува денес весникот Бангкок пост, повикувајќи се на извори од владата. Повеќе од 2,5 милиони луѓе се загрозени од поплави само во Тајланд, кои следеа по обилните дождови, додава весникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според универзитетскиот професор и експерт за климатски промени Сери Супратид може да поминат неколку недели пред поплавните води да се повлечат од особено погодениот округ Хат Јаи на границата со Малезија.

„Луѓето се заробени на покривите, возилата се поплавени, а ранливите групи молат за помош“, изјави Супратид за Бангкок пост. На многу места, екипите за итни случаи можат да се движат само со бродови. Владата нареди распоредување хеликоптери за доставување храна и помош до семејствата заробени во своите домови во силно поплавените подрачја.

Залихите веќе се при крај на многу места. Во меѓувреме, националниот одбор за туризам стравува од огромни загуби за популарниот регион. Околу 8.000 туристи, претежно странци од Малезија, Сингапур и Индонезија, се заглавени во хотелите и на аеродромот Хат Јаи во последните неколку дена.

Преку границата во Малезија, речиси 10.000 луѓе морале да побараат засолниште во привремен сместувачки капацитет во сојузната држава Келантан. На индонезискиот остров Суматра, илјадници луѓе останале без покрив над главата откако неколкудневните обилни дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.

Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени, соопшти во среда индонезиската агенција за управување со катастрофи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ