недела, 14 декември 2025

Катар ја повика меѓународната заедница да го казни Израел за војната во Газа и нападот на Катар

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денес ја повика меѓународната заедница да „прекине со двојните стандарди“ и да го казни Израел за „злосторствата“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ал Тани го изјави ова пред состанокот на арапските и муслиманските лидери во Доха, кои доаѓаат да го осудат Израел за бомбардирањето на зградата во главниот град на Катар во вторникот, 9 септември, со цел да ги убие лидерите на палестинското движење Хамас од Газа, но не успеа.

Во тој израелски напад беа убиени пет пониски функционери на Хамас и еден член на безбедносните сили на Катар.

Нападот предизвика широка осуда, вклучително и од богатите монархии од Заливот, сојузници на Соединетите Американски Држави.

„Дојде време меѓународната заедница да ги прекине двојните стандарди и да го казни Израел за сите злосторства што ги изврши“, кажа катарскиот премиер.

„Израел мора да знае дека војната на истребување на која е изложен нашиот братски палестински народ, чија цел е да ги протера, нема да успее“, рече Ал Тани за војната во Појасот Газа што ја води Израел, предизвикана од упадот на Хамас врз неговиот југ на 7 октомври 2023 година.

Средбата во понеделник во Доха ја одразува „широката арапска и исламска солидарност со државата Катар во услови на кукавичка агресија на Израел…, како и категорично отфрлање на државниот тероризам што го спроведува Израел“, објави домаќинот Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ