„Старите односи што ги имавме со Соединетите Држави, засновани на длабока интеграција на нашите економии и блиска соработка во областа на безбедноста и одбраната, завршија“, рече Карни на прес-конференција.
Канадскиот премиер додаде дека за „ден или два“ ќе одржи разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати изјави дека би сакал Канада да стане „51-та американска држава“.