недела, 14 декември 2025

Камчатка повторно се тресе: Нов силен земјотрес, еруптираше огромен вулкан, опасност од цунами (ФОТО+ВИДЕО)

Нов силен земјотрес со интензитет од околу 6,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди далечниот исток на Русија, соопшти ЕМСЦ.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, земјотресот се случил во близина на брегот на крајниот југ на полуостровот Камчатка, пренесува Данас.

Хипоцентарот бил на длабочина од околу 40 километри. Ова е најсилниот во серијата земјотреси што следеа по 30 јули, кога овој регион беше погоден од еден од најсилните земјотреси во историјата – земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала.

По тој земјотрес, следеа стотици „потреси“, со јачина до 6,5 степени.

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Меркалиевата скала се случи утрово во близина на Северокурилск во Сахалинската област, изјави за РИА Новости Елена Семјонова, раководител на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск.

„Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени е регистриран во Тихиот Океан на 3 август во 16:37 часот по локално време (08:37 часот по московско време). Епицентарот се наоѓал на 124 километри источно од градот Северокурилск, на островот Парамушир, фокусот бил на длабочина од 19 километри“, изјави сеизмологот.

Според соговорник на агенцијата, жителите на Северокурилск го почувствувале земјотресот со јачина од четири степени според Меркалиевата скала.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека можни се бранови од цунами во три региони на Камчатка. „Очекуваните висини на брановите се ниски, но сепак треба да се оддалечите од брегот“, соопшти министерството во апликацијата Телеграм, по најновата сеизмичка активност во областа

Вулканот Крашењиников во Камчатка, исто така, еруптираше за прв пат по 450 години.

Вулканот, чиј врв е висок повеќе од 1.800 метри, исфрли столб од пепел во висина од 6.000 метри, пренесе локалната служба на Министерството за вонредни ситуации на Телеграм.

„Пепелта се шири кон исток, кон Тихиот Океан“, се вели во соопштението, во кое се додава дека населените области не се загрозени.

Полуостровот Камчатка, каде што се среќаваат Пацифичката и Северноамериканската тектонска плоча, има десетици вулкани и е една од сеизмички најактивните зони на планетата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ