понеделник, 15 декември 2025

Камбоџа и Тајланд меѓусебно се обвинуваат за артилериски напади (ФОТО+ВИДЕО)

Камбоџа и Тајланд денес се обвинија меѓусебно за започнување артилериски напади над спорните гранични области рано утрово.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Нападите се случија неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот, пренесува Ројтерс.

Камбоџанското Министерство за одбрана соопшти дека Тајланд утринава гранатирал комплекси на храмови и извршил копнени напади на повеќе точки.

Тајландската војска соопшти дека рано утринава Камбоџа отворила оган врз неколку области, вклучително и во близина на цивилни домови.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека разговарал со премиерите на Тајланд и Камбоџа и дека се договориле веднаш да се сретнат за брзо да се договорат за прекин на огнот и да ги прекинат борбите.

Четири дена откако избувнаа најжестоките борби во повеќе од една деценија меѓу соседите од Југоисточна Азија, повеќе од 30 лица беа убиени и повеќе од 130.000 лица беа евакуирани од пограничните области во двете земји.

Тајланд и Камбоџа, исто така, се обвинуваат меѓусебно за започнување на конфликтот во раните утрински часови во четвртокот, 24 јули, во спорната гранична област, која брзо ескалира од оган од лесно оружје до тешко гранатирање на најмалку шест локации долж границата долга 209 километри, каде во некои делови суверенитетот на двете земји е оспоруван повеќе од еден век.

Судирот избувна само неколку часа откако Тајланд го повлече својот амбасадор од Пном Пен и го протера претставникот на Камбоџа претходната вечер, како одговор на сериозно повреден тајландски војник од нагазна мина за која Бангкок вели дека неодамна била поставена од страна на камбоџанските војници, што Камбоџа го негираше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ